Абас: Европската унија брзо да ја признае Палестина

Сподели со своите пријатели

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во Брисерл ги повика членките на Европската унија да ја признаат државата Палестина.

Нарекувајќи ја ЕУ, вистински пријател и партнер, Абас рече дека Европјаните би требало брзо да ја признаат државата Палестина.

– Тоа би го охрабрило палестинскиот народ да продолжи да се надева за мир и да чека додека мирот не се воспостави, рекол Абас пред новинарите, кој разговарал со министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Абас, сито така, ја повикал ЕУ да има поголема улога во мировниот процес помеѓу Израел и Палестина.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини ја потврди посветеноста на блокот за решавањето на израелско-палестинскиот конфликт со Ерусалим како заедничка престолнина на Израел и идна Палестина.

Могерини рекла дека тоа е единствен реален и одржлив начин да се исполнат легитимните тежненија на двете страни.