ТРАМП: Бајден е виновен за нападите во Израел!

Сподели со своите пријатели

Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, издаде итно соопштение во врска со последните ракетни напади врз Тел Авив, обвинувајќи го сегашниот американски претседател Џозеф Бајден дека неговата слабост е причина за ескалацијата на насилството меѓу Израел и Хамас.

Loading...

– Кога бев во Белата куќа, бевме познати како претседателство што се залага за мир, бидејќи израелските противници знаеја дека Соединетите држави стојат цврсто со Израел и дека ќе има брза одмазда ако Израел биде нападнат.

 

 

– Под Бајден, светот станува се понасилен и нестабилен бидејќи слабоста на Бајден и недостатокот на поддршка за Израел доведува до нови напади врз нашите сојузници.

– Америка секогаш мора да стои покрај Израел и да стави до знаење дека Палестинците мора да стават крај на насилството, теророт и ракетните напади и да стават јасно до знаење дека САД секогаш силно ќе го поддржуваат израелското право да се брани. Неверојатно, демократите и натаму стојат покрај избезумениот антиамерикански претставник во Сенатот, Илхан Омар и другите кои дивјачки го напаѓаат Израел додека биле под терористички напади, напиша Трамп.

Хамас вечерва објави дека истрелал 130 ракети кон Тел Авив како одговор на уривањето на станбен пасијанс во Појасот Газа.

Loading...

Leave a Reply