Рускиот напад го урна и крипто пазарот

Сподели со своите пријатели

Цената на биткоинот падна под 35.000 долари во четвртокот рано наутро, откако рускиот претседател Владимир Путин најави воена операција во регионот Донбас во Украина.

Според CoinMarketCap, Биткоинот се продавал за 34.969 долари во 1:22 часот по источно време. Тоа е пад за повеќе од 8% во однос на претходниот ден.

Највредната криптовалута во светот падна под 40.000 долари во текот на викендот и продолжи да паѓа како што се интензивираше украинската криза.

Валутата загуби речиси половина од својата вредност од ноемврискиот максимум од 68.990 долари поради геополитичките тензии, можноста за зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД и ограничувањето на дигиталните средства на некои големи економии, пренесува хрватски „Индекс“.

Останатите криптовалути, исто така, остро паднаа во четвртокот наутро.

Ethereum падна за повеќе од 12%, според CoinMarketCap, додека dogecoin падна за повеќе од 14%. Последен пат со Ethereum и dogecoin се тргуваше по 2.349 долари и 10 центи, соодветно.

Едвард Моја, висок аналитичар на американскиот пазар во Оанда, во белешката до клиентите во четвртокот рече дека „многу крипто-инвеститори беа соборени поради последниот пад“.

– Инвеститорите не сакаат да го зголемат својот удел поради огромната неизвесност во однос на ризичните средства, рече тој.

 Моја предвидува дека биткоинот веројатно ќе продолжи да паѓа „под 40.000 долари, бидејќи геополитичките тензии ќе ги спречат ризичните фондови да соберат поголем дел од растот“.