ЕК: Ја повикуваме Русија веднаш да прекине со инвазијата

Сподели со своите пријатели

Силно ја осудуваме руската воена агресија без преседан врз Украина. Со своите неиспровоцирани и неоправдани воени акции, Русија грубо го крши меѓународното право и ја поткопува европската и глобалната безбедност и стабилност. Жалиме за загубата на животи и човечкото страдање, соопшти Европската комисија, коментирајќи ја руската инвазија на Украина.

– Ја повикуваме Русија веднаш да ја запре инвазијата, да ја повлече својата војска од Украина и целосно да го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина. Ваква употреба на сила и принуда нема место во 21 век. ЕУ цврсто стои со Украина и нејзиниот народ додека се соочуваат со оваа криза, рекоа тие.

Лидерите на ЕУ ќе се сретнат денеска. Претседателот на Европскиот совет, Мишел, итно свика вонреден состанок на Европскиот совет на кој ќе се разговара за кризата и дополнителните рестриктивни мерки.

Ова ќе наметне огромни и тешки последици врз постапките на Русија.

Претседателката Фон дер Лајен и високиот претставник Борел ќе презентираат дополнителен пакет санкции финализиран од Европската комисија и ЕЕАС во тесна координација со партнерите.

„ЕУ ќе продолжи да обезбедува силна политичка, финансиска и хуманитарна помош за Украина и нејзиниот народ“, се вели во соопштението на Европската комисија.