Мајка 5 години го снимала радувањето на синот кога ќе дојде по него во градинка: Снимката е преслатка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нема ништо почисто на овој свет од љубовта кон детето. Најдобар доказ е видеото објавено на Твитер од @TeesePeese.

Loading...

Таа пет години ги снимала радосните реакции на синот кога ја видел како доаѓа да го земе во градинка. Од нив направила компилација која станала вирална.

„Навистина го сакам ова видео. Го снимав речиси секој ден од неговата реакција кога го земав во раце и секој пат реагираше вака. За неговиот 5-ти роденден ја направив оваа компилација, од периодот кога беше доенче до минатата недела.” напиша таа во описот.

Очигледно, момчето ја обожава својата мајка. Кога ќе ја види, се насмевнува, скока од радост и едвај чека да ја прегрне.

Новопечените родители понекогаш се грижат дека испраќањето дете во градинка негативно ќе влијае на приврзаноста на детето, но според психологот Ноам Шпанзер, таа загриженост е неоснована се додека домашната средина е здрава.

„Достапните податоци покажуваат дека кај повеќето деца приврзаноста кон родителите не се менува ако одат во градинка. Најсилниот индикатор за приврзаност на родителите и децата се променливите во домот“, пишува Шпансер.

А од видеото се гледа дека приврзаноста на ова дете со родителот не настрадала бидејќи дел од денот минувал во градинка.

 

Loading...