Времето утринава ќе биде студено, а преку денот претежно сончево, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата и ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 15 степени целзиусови.
Продолжува периодот на претежно сончево време со студени утра. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во југозападните и југоисточните делови, велат од УХМР.
Никола Ивановски