Без струја во текот на утрешниот ден ќе бидат повеќе локации во Куманово, претежно во населбата Карпош.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:30 до 14:00 часот утре без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Ѓуро Пуцар Стари“, како и голем дел од населбата Карпош и тоа улиците: 1 и 2 (Бара до Никуљски пат) ул: 40, 41, 42, 43, 51, 52, 53, 54, 160, 172, 181, 54, 55, 36, Бензинска Авио Оил и објектите околу бензинската.
Во текот на денешниот ден пак, прекини има кај корисниците од „Ѓуро Пуцар Стари“.
Станува збор за најавени прекини поради интервенција во дистрибутивната мрежа на ЕВН.
Никола Ивановски