На покана на Белградскиот центар за безбедносни политики како дел од организаторската тројка, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денес и утре учествува на Белградскиот безбедносен форум (Belgrade Security Forum) како говорник на панелот „Берлински процес – Што следи?“.
Loading...
Вицепремиерот Димитров, заедно со претставниците на Европскиот парламент и тинк-тенк секторот, ќе се осврнат на актуелните прашања во врска со резултатите од Берлинскиот процес и исполнувањето на очекувањата, како и идните можности за искористување на оваа платформа за регионална соработка и европска интеграција на регионот.