Досега гласањето во Куманово регуларно и без инциденти

Сподели со своите пријатели

Изборниот процес во Куманово, Липково и Старо Нагоричане засега тече без проблеми.

Loading...

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, од отворањето на изборните места не се регистрирани никакви нерегуларности и инциденти во овие три општини.

Куманово како најголема општина има и најмногу избирачи. Така денеска на 167 избирачки места право на глас имаат вкупно 93.986 полнолетни граѓани.

Како што информираше портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска гласањето се одвива нормално, со мали потешкотии на одредени места кога се во прашање фингерпринт уредите за биометричка идентификација.

Техничките екипи на ДИК, појасни таа се на терен на оние места каде се јавуваат проблеми.

Гугучевска појасни дека на гласачкото место доколку два пати по ред фингерпринтот не го идентификува гласачот, а го има во Избирачкито список, ќе остави отпечаток од прст и ќе може да продолжи со гласање.

Никола Ивановски