Брзата реакција на мајката го спаси едногодишното момче од каснување од отровна стоногалка што влегла во нивната дневна соба.
Видеото кое кружи на Интернет е направено во средата во Бангкок, Тајланд, а во тој момент момчето играше на подот додека неговата мајка лежеше покрај него и гледаше во телефонот.
Во тој момент, кон момчето ползеше стоногалка долга 30 сантиметри. Тоа е отровен вид чиј убод е исклучително опасен за малите деца бидејќи отровот ја забрзува работата на срцето и предизвикува потешкотии во дишењето.
Мајката навреме погледнала од мобилниот телефон кон момчето и брзо го грабнала со што го спасила од опасното животно.
Во тој момент дошла бабата и ја зграпчила стоногалката со чаша и ја однела надвор.
Таткото на момчето рече дека едногодишното дете не е повредено, а тој ја пофали својата сопруга.
– Мајките се херои, тие можат да ја почувствуваат опасноста и да ги спасат своите деца – рече тој.
Тој додаде дека ова е најголемата стоногалка што ја виделе во нивната куќа. Каснувањата од гигантски стоногалки можат да предизвикаат изгореници и силна болка и често можат да бидат фатални.