Емотивното видео од татко како танцува пред болницата каде што неговиот син се лекува од леукемија стана вирално.
Видеото е објавено на Фејсбук страницата на Детскиот медицински центар Кук во Тексас, а голем број коментатори се трогнати од гестот на таткото чие 14-годишно момче Ајден се лекува таму од акутна лимфоцитна леукемија, пишува Метро.
7 начини на кои однесувањето на таткото влијае врз емотивните односи на ќерката
Ејден бил дијагностициран на почетокот на пандемијата на коронавирусот, поради што болницата морала да ги ограничи посетите со цел да се намали можноста за инфицирање на деца чиешто здравје е веќе кревко.
Само еден родител е дозволен во болницата, па така на 14-годишниот Ајден му се придружува мајката Лори на терапија. Но, неговиот татко Чак не се откажува од развеселување на својот син и танцува под неговиот прозорец.
Тој може да го види Ајден само од далечина. Во обид да му донесе насмевка на лицето на неговиот син, Чак танцува на паркингот во болницата секоја недела.
Татковците во Франција наскоро ќе мора да земаат отсуство кога ќе добијат принова
И покрај неговата болест, Ајден танцува со него, но во неговата болничка соба, тој се обидува да го следи татко му со танчерски потези.
Неговата мајка Лори вели дека ова е само еден од начините на кој таткото и синот ја одржуваат својата врска низ овој тежок и предизвикувачки период низ кој поминува нивното семејство.

