9.000 евра Македонија треба да исплати на трансродово лице, одлучи судот во Стразбур

Сподели со своите пријатели

Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе одлука Република Македонија да исплати 9.000 евра на трансродово лице „Икс“ кое ја тужело дрќавата поради повреда на право на приватност и неефикасен правен лек во земјата.

Loading...

Врз основа на член осум од Конвенцијата за човекови права што се однесува на повреда на право на приватност судот донесе одлука дека Македонија на лицето „Икс“ треба да му исплати нематеријална штета, додека одбраната на трансродовото лице се повикувала и на членот тринаесет кој се однесува на неефикасен правен лек.

Коалицијата „Маргини“ даде поддршка на овој случај во Стразбур и оценува дека Македонија има обврска да донесе закон со кој ќе се овозможи трансродовите лица да имаат брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот.

Инаку ова е прва судска одлука за правата на трансродовите лица во Македонија.

Leave a Reply