82 лица казнети за неносење маска во Куманово

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и две лица во текот на изминатото деноноќие во Куманово биле казнети поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14.04/15.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 118 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 82, во Крива Паланка 23 и во Кратово 13.

За нив, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период не се евидентирани непочитувања на забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply