82 казни за неносење маска во Куманово, нема прекршувања на полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Вкупно 82 казни во текот на изминатото деноноќие напишала полицијата по основ на непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (28.03/29.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 120 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број казни, најмногу се напишани во Куманово 82, во Крива Паланка 28 и во Кратово 10.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply