81 кумановец вчера казнети за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска, вчера казна добиле вкупно 81 лице во Куманово.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (26.01/27.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 111 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од издадените прекршочни налози најмногу биле од Куманово 81, во Крива Паланка 16 и во Кратово 14.

За истите, како што појаснуваат од полицијата, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply