80 години од првото појавување на Бетмен (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Компанијата „DC Comics“ и бројни обожаватели ширум светот го прославија 80-тиот роденден на Бетмен, испраќајќи го на небото легендарниот сигнал во форма на лилјак.

Loading...

Денот на Бетмен го одбележува првото појавување на овој борец против криминалот и милијардер Брус Вејн и неговиот маскиран алтер-его.

Фановите на еден од најпознатите суперхерои се собраа низ целиот свет, но најамбициозниот дел од планот беше да се испрати блескав сигнал.

Сигналот прво се појави во Мелбурн, а потоа и во Токио, Берлин, Рим, Париз, Лондон и седум други градови пред последниот настап во Лос Анџелес.

Leave a Reply