8 причини поради кои жените најчесто изневеруваат

Сподели со своите пријатели

Во минатото имало значителни разлики во причините зошто мажите и жените изневеруваат, а мажите повеќе изневеруваат поради сексуалната разновидност, додека жените поради незадоволство во врските.

Loading...

Денес тој јаз полека се затвора.

Не се колешките и познаничките: Со кои жени мажите најмногу изневеруваат?

Жените изневеруваат од многу причини, исто како и мажите, изјави сексуалниот терапевт и советник, д-р. Тами Нелсон за MindBodyGreen.

Таа ги објасни причините поради кои жените денес изневеруваат во врските:

  1. Жените изневеруваат поради сексот

– Жените го ценат добриот секс како и сите други. Жените изневеруваат кога ќе најдат маж или жена што ги возбудува. Ако некој ви каже дека мажите изневеруваат поради секс, а жените поради чувства, не сте во право – вели Нелсон.

Една неодамнешна студија објавена во „Journal of Sex Research“ открива дека иако мажите се сè уште подложни на изневерување поради сексуалната разновидност, тоа е исто така меѓу трите главни причини зошто жените изневеруваат.

Хороскопски знаци кои најчесто ги изневеруваат своите партнери

Loading...
  1. Тие се незадоволни од врската

Истата студија открила дека една од главните причини зошто жените изневеруваат е тоа што тие повеќе не се за вљубени во својот партнер.

Дури и ако љубовта е сè уште присутна, жената која е несреќна во својата врска може да биде повеќе склона кон изневерување. Без оглед дали е заради гнев и финансиски или семејни проблеми, може да почувствуваат дека изневерувањето ќе им понуди каква не е нивната моментална врска.

– Жените изневеруваат затоа што врската дома станува студена. Ако има напнатост или досада дома, возбудата од страна може да биде одвраќање и премногу искушение – вели Нелсон.

Зошто мажите и жените во стабилни врски ги изневеруваат партнерите?

 

 

  1. Тоа беше само грешка

Третата главна причина за изневерување кај жените е ситуацијата, доколку се опијанат и слично.

Loading...

– Сите грешат. Понекогаш аферата започнува само затоа што се појавува можноста. Жените можат да дејствуваат импулсивно, а потоа да зажалат.

Со други зборови, сосема е можно да нема многу подлабоко значење од можноста што тие не успеале да ја пропуштат – објасни Нелсон.

Зошто луѓето изневеруваат во бракот?

  1. Тие сакаат интимност

Без разлика дали е физичка или емотивна, интимноста е една од оние потреби што сите сакаме да ги исполниме.

Ако жената не се чувствува исполнета во својата врска и наиде на некој што покажува таков вид интимност, ќе се создаде привлечност.

Некои постари истражувања откриле дека жените имаат посилна емоционална врска со новата личност што ја изневеруваат отколку мажите кои изневеруваат, што укажува на тоа дека романтиката е дел од равенката за изневерување на жените.

  1. Некоја нова личност направила да се чувствуваат посебно

Понекогаш луѓето изневеруваат затоа што нова личност им дала ново чувство или се чувствуваат посебно со неа.

„Жените велат дека се чувствуваат посебно, секси и обожавано поради љубовник и дека тоа внимание е тешко да се игнорира, без оглед на тоа што прави нивниот сопружник дома“, вели Нелсон.

Loading...

Со кого изневеруваат мажите, а со кого и зошто жените?

  1. Тие имаат мала самодоверба

Ниската самодоверба може да создаде желба за надворешна потврда, објаснува психологот Маргарет Пол.

Ова може да биде особено точно ако лицето не добие потврда од својот партнер, а Пол исто така забележува дека недостатокот на самољубие може да направи некој да изневери.

– Она што го видов е дека луѓето изневеруваат кога не преземаат одговорност за себе или не се грижат за сопствените чувства и кога не развиваат способност да се залагаат за себе во врска. Затоа копнеат за внимание. Во тој случај, изневерувањето е помалку фокусирано на вниманието што некој им го посветува, а повеќе на вниманието што тие не си го посветуваат себеси – вели Пол.

Кога мажите најмногу изневеруваат?

 

Loading...

 

  1. Го користат изневерувањето за да се соочат со тешките чувства

Изневерувањето исто така може да покаже дека постои проблем што тие го избегнуваат.

Пол го споредува изнверувањето со свртување кон алкохол или дрога, па луѓето бегаат од своите чувства, наместо да се соочуваат со нив.

5 типови на луѓе кои најмногу изневеруваат

Loading...
  1. Сакаат да раскинат или промена

Понекогаш луѓето изневеруваат затоа што сакаат да ја раскинат врската, а се чини дека изневерувањето е полесен начин да се направи тоа отколку директно да се соочите со својот партнер.

Нелсон исто така истакнува дека понекогаш жените изневеруваат затоа што сакаат нешто да се промени во нивната сегашна врска.

„Жените изневеруваат за да излезат од брак или да останат во него“, вели таа.