8 нови случаи на коронавирус во Куманово

Сподели со своите пријатели

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

Loading...

По градови:

– Скопје 2

– Прилеп 7

– Велес 2

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус, и тоа по градови:

– Скопје 12

– Куманово 8

Loading...

– Штип 2

– Прилеп 2

– Тетово 7

– Струга 4

– Охрид 2

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

Досега во земјата се направени вкупно 25270 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи.

Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на ковид-19.

Loading...

Leave a Reply