79-годишен кумановец удрил велосипедист во Скопје

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и деветгодишен кумановец со своето возило вчера удрил во велосипедист во Скопје, при што истиот се здобил со тешки телесни повреди.

Loading...

– На 26.03.2021 околу 14.00 часот во Скопје на ул.„Македонско-косовска бригада“, патничко возило „опел агила“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.С.(79) од Куманово удрило во велосипед, управуван од Б.З.(67) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Никола Ивановски

Leave a Reply