78 кумановци исклучени од сообраќај изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (21-28.10.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 67 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 78 возачи, иниформираат од кумановската полиција.

Loading...

Од исклучените возачи, 46 управувале под дејство на алохол и 32 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило).

– Од сообраќај се исклучени 24 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и седум возачи поради некористење сигурносен појас, 31 поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, 15 поради престигнување и двајца возачи поради непрописно престројување, стои во соопштението на СВР Куманово.

Во текот на изминатата недела издадени се 358 мандантни платни налози, 96 прекршочни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Leave a Reply