78 казни за неносење маска вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и осум лица вчера биле казнети поради прекршување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, а не е регистрирано никакво прекршување на полицискиот час.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (24.03/25.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 119 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се од Куманово 78, во Крива Паланка 26 и во Кратово 15.

За истите, како што информираат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply