77 санкции за брзо возење на автопат Велес – Скопје – Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и седум возачи вчера биле казнети на автопатот Велес – Скопје – Куманово, а дел од нив се движеле и со 222 километри на час, покажуваат фотографиите од радарот на полицијата.

Loading...

 

 

– Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 77 возачи, велат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Loading...

Од нив, како што појаснуваат од полицијата, 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

 

 

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply