77-годишен кумановец удрил во малолетен пешак

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и седумгодишен кумановец со својот автомобил удрил во малолетен пешак во Куманово, при што детето било тешко повредено.

Loading...

– На 06.06.2023 во 12.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Вук Караџиќ“ во Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.М.(77) од с.Долно Којнаре, кумановско, удрило во малолетен пешак, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затворени избирачките места, се чекаат првите резултати