75 казни за неносење маска вчера напишани во Куманово

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и пет лица во Куманово вчера заработиле казна поради непочитување на уредбата за задолжително носење заштитна маска.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14.01/15.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 103 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број прекршувања, најмногу се во Куманово 75, во Крива Паланка 13 и во Кратово 15.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply