710 парчиња облека и 1.200 електронски цигари запленети на Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

710 парчиња облека, 1.200 електронски цигари и 2 мобилни телефони биле откриени во три одвоени случаи во текот на изминатите две недели, при контрола на три возила пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, како што информираат од Царинската управа на Република Македонија при контрола на белгиски автобус кој сообраќал на редовна линија од Белгија кон Македонија, управуван од македонски државјанин, во 6 големи торби сместени во багажникот на возилото биле пронајдени 576 парчиња облека (јакни, палта, мантили, фустани, кошули, блузи, панталони и друго), за кои како сопственик се пријавил возачот.

 

Loading...

 

Во вториот случај, при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, во просторот за резервна гума, во багажникот на возилото, биле пронајдени 166 парчиња женска облека (маици, ноќници, чорапи и долна облека), 1.200 парчиња електронски цигари HEETS и 2 мобилни телефони SAMSUNG GALAXY.

Во третиот случај, при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, на креветот во кабината, биле пронајдени 3 кеси со 134 парчиња облека (фустани, џемпери, блузи, маици, хеланки и панталони). Во сите три случаи, непријавените производи се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поведени соодветни постапки.

Leave a Reply