71-годишен кумановец ќе одговара за предизвикување пожар

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ќ.(71) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од полицијата, на 05.08.2019 околу 11,00 часот во атар на село Орашац, кумановско, кај месноста викана „Косматица“, пријавениот, на парцели со лозје и житна култура, во негова сопственост предизвикал пожар, кој се проширил и зафатил површина од околу 15 хектари сува трева и ниско стеблести растенија.

Leave a Reply