7 природни начини за борба против комарците

Сподели со своите пријатели

Комарците и годинава прават проблеми, па важно е да се најдат најдобрите можни начини како да се решите од овие досадни инсекти и да спречите проблеми со чешање и оток доколку ве каснат.

Loading...

Овие седум природни мириси можат да ви помогнат во борба со комарците.

 

 

Ванила во прав

Ванилата во прав може да ја измешате со лосион за бебиња во размер 1:10 и да нанесете на кожа. Исто така, можете да растопите ванилин прав во вода и потоа смесата да ја ставите на кожа или облека.

Етерични масла од анис, каранфил, босилок и еукалиптус

Loading...

Етеричните масна од анис, босилок, каранфил и еукалиптус можат да ги преплашат комарците ако на кожата нанесете разредено масло (5-10 капки по чаша вода) или да испрската на извор на топлина како ароматична лампа.

Исто така, можете да натопите вата и да ја ставите така на даската од прозорецот.

Цвет од бозел

Во просторија ставете грнчиња бозел, а мирисот би требало да ги растера комарците. Но, поради силниот мирис би било добро гранчињата да не ги ставате во спалната соба додека спиете во неа.

 

 

Масло од кедер

Loading...

Мирисот на кедеровото масло не само што ќе ве спаси од комарците, туку ефективен е и во борба против муви и бубашваби.

Жалфија

Сварете гранчиња жалфија во вода, а потоа оставете ги да се изладат околу половина час и измијте се. Тоа би требало да ги одбие комарците од вашето лице.

Камилица

Растението камилица е стар лек против комарци, но и останати инсекти. Можете едноставно околу станот или домот да ставите неколку букети и тоа би требало да ги растера комарците.

 

 

Loading...

Масло, шампон и оцет

Ова е рецепт кој би требало моментално да ги размава комарците од вашиот дом. Измешајте боично масло кое што го користите во кујната со шампон и оцет во еднакви количини. Добро измешајте додека не запени. Сипете во некој сад и оставете го отворен во просторијата.

Оваа смеса нема силен мирис, па нема ни вие да ја почуствувате, а за комарците нема да биде привлечна.

Leave a Reply