7 мртви во сообраќајка во Унгарија предизвикана од српски камионџија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Несреќата се случила утрово околу 02:30 часот во близина на градот Баласка, на 146-от километри од автопатот М-5, што води од граничниот премин Реске-Хоргош до Будимпешта.

Loading...

Камионот се пробил низ оградата и преминал во спротивната лента, каде се судрил со две возила со странски регистарски таблички.

Унгарските медиуми јавуваат дека станува збор за камион со српски регистарски таблички.

Седум патници во автомобилот загинале на лице место додека возачот на камионот не бил повреден, јавуваат унгарските медиуми.

Автопатот беше затворен во двата правци до 11 часот, а возилата беа пренасочени кон други насоки.

Leave a Reply