66 лица загинаа во поплавите во Судан

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите од почетокот на сезоната на дождови во Судан во поплавите се зголеми на 66, изјави денеска бригадниот генерал Абдул-Џалил Абдул-Рахим.

Loading...

Според него, уште 28 лица се повредени во поплавите, пренесе АП.

Околу 24.000 домови и дваесет владини згради беа сериозно оштетени или целосно уништени, рече Абдул-Рахим.

Владината Комисија за хуманитарна помош соопшти дека околу 136.000 луѓе биле погодени од обилни врнежи и поплави во 12 од 18-те судански провинции.

Сезоната на дождови во Судан обично започнува во јуни и трае до крајот на септември, со врвни поплави во август и септември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето