65-годишна жена нова жртва од коронавирусот во Македонија

Сподели со своите пријатели

Шеесет и петгодишна жена од околината на Струга во изминатото деноноќие почина од коронавирус.

Loading...

Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, таа била на лекување на клиниката веќе недела дена, но имала доста претходни болести.

Пациентка на 65 години со бројни претходни заболувања на бели дробови, зголемен крвен притисок, дијабет, хроничен болест на срцето, изјави министерот.

Од Клиниката за инфективни болести во изминатиот ден се испишани пет пациенти, кои имале два последователни негативни тестови и тие во добра здравствена состојба се пуштени на домашно лекување.

– Од 28 пациенти во Дебар кои биле на домашно лекување, на 11 од денеска во следните денови се земаат конторлните брисеви, тие се во добра здравствена состојба, поминати се доволен број на денови за да се очекува дека се негативизирани и согласно тоа ќе се постапи за нивен натамошен третман, изјави Филипче.

На Клиниката во Скопје вчера се примени 9 пациенти, вкупно сега таму има 59, 12 се со потешка клиничка слика од кои пет се поставени на механичка вентилација.

Leave a Reply