641 лице казнети за неносење маски

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие (03/04.06) на територијата на Република Северна Македонија на 435 лице им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.

Loading...

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се осум лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 641 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Никола Ивановски

Leave a Reply