61-годишен кумановец ќе одговара за насилство

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Љ.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 09.07.2018 година околу 16,10 часот во Куманово на улицата „Тоде Мендол” пријавениот со употреба на тврд предмет физички го нападнал М.М. од Куманово, при што пристигнале уште две непознати лица кои се приклучиле во физичкиот напад.

Leave a Reply