600 килограми храна со изминат рок пронајдена во магацин во Куманово

Сподели со своите пријатели

При контрола во камион во Арачиново и магацин во Куманово била пронајдена поголема количина прехранбени артикли со изминат рок на траење.

Loading...

– На 01.02.2023 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Исто така, подоцна била извршена контрола и во магацин на ул.„Индустриска“ во Куманово, сопственост на Б.М.(45) од село Романовце, кумановско, од каде ја зел стоката, при што сопственикот признал дека е негова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 93.000 лица утре со право на глас во Куманово

Според МВР, во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите.

Пронајдената стока, од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ.

Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски