60-годишник од село М’глинце ќе одговара за пустошење шуми

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(60) од село Мглинце, Старо Нагоричане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “пустошење шума“.

Во текот на 2016 и 2017 година во атарот на село Мглице, пријавениот, спротивно на решението од ЈП “Македонски Шуми”, од парцели во негова сопственост и на неговиот татко, извршил  бесправна сеча на 102 м3 мешовити огревни дрва, со што на буџетот на Република Македонија предизвикал материјална штета од 714.700 денари.

Leave a Reply