6 работи кои треба да ги знаете за Дедо Мраз

Сподели со своите пријатели

Тој ги менувал костумите низ вековите. Во различни делови на светот, тој носел различни имиња.

Loading...

Поврзуван е со христијански светци, пагански празници, оспорувани од црквата, забранети со закон, па дури и јавно спалуван. Но, верувале или не, Дедо Мраз е голем шегобиец и само кога мислите дека знаете сè за него, тој прави нов трик.

Не бил женет до средината на 19 век

Баба Мразица за прв пат се споменува во „Легендата на Божиќ“ напишана од мисионерот на Филаделфија, Џејмс Рис.

Неговата запрега е најбрза на светот

Санките ги влечат девет ирваси: Играч, Забавувач, Шегобиец, Купидон, Лисица, Блиц, Тамблер, Комета и најпознатиот Рудолф – елен со црвено носе, а нивните имиња во оригинал влечат корени од на латински, германски, англиски и други јазици.

Дедо Мраз има само 31 час (и благодарение на временските зони) за да ги достави сите подароци на Бадник и Божиќното утро. Ова значи дека неговите санки се движат со брзина поголема од 2.800 километри во секунда!

Два града тврдат дека се дом на Дедо Мраз

Loading...

Жителите на Северниот пол во Алјаска велат дека ако сакате да го запознаете вистинскиот, тогаш треба да ги посетите. Од друга страна, од Раваниеми, Финска, тие велат дека неговата канцеларија е таму. Селото на Дедо Мраз е единственото место во светот каде што можете да разговарате со Дедо Мраз 365 дена во годината.

Дедо Мраз има пилотска лиценца и пасош

Тој добил пилотска лиценца од американската влада во 1927 година додека својот прв пасош го добил од Канада во 2013 година. За време на специјалната церемонија во Торонто, канадскиот министер за имиграција политика рече: „Како и другите Канаѓани кои уживаат да патуваат низ целиот свет, Дедо Мраз е радосен што доби е-пасош, што е меѓу најприфатените и најбезбедни патни исправи во светот, без разлика дали патувате со автомобил, брод или со помош на летачки ирваси“.

Кога станува збор за писмата, убедливо најмногу му пишуваат деца од Франција

Статистиката вели дека таа прима 1.700.000 писма од Франција, а потоа следува Канада со 1.350.000 писма и трета држава е САД со околу еден милион писма. Латиноамериканците, особено Мексиканците, имаат различна тактика. Тие испраќаат писма до Дедо Мраз, преку експресна пошта, фрлајќи ги во балони, кои потоа се пуштени во воздух.

И секако костимот

Со децении и векови од своето постоење, Дедо Мраз се јавува во костуми од различни бои: од зелена, преку сина до кафеава. И тогаш, вели легендата, во 1931 година, „Кока-Кола“ го облече во боите на неговиот бренд – црвена и бела носија.

Оттогаш, Дедо Мраз е најпрепознатлив во овој костум, секогаш во главната улога на празничните реклами на Кока-Кола.

Loading...

Leave a Reply