6 погрешни совети што им ги давате на децата: Тие водат само до неуспех!

Сподели со своите пријатели

Сосема е природно што сакате сè најдобро за вашето дете, но честопати, од таа најдобра намера, родителите прават одредени грешки, што може да ги чини нивните деца подоцна.

Loading...

Не е сеедно каков совет ќе им дадете, а еве на што треба да обрнете посебно внимание:

 

 

  1. Ние им порачуваме на нашите деца: Фокусирајте се на иднината, остварете ја целта. Треба да кажеме: Живеј или работи во моментот.

Тешко е да се остане цврсто фокусиран. Истражувањата покажуваат дека човечкиот ум лута 50 проценти од времето кога сме будни.

И кога мислите лутаат, можеме да почнеме да размислуваме за минатото или да се грижиме за иднината – што доведува до негативни емоции како што се лутина, жалење и стрес.

Умот кој постојано се обидува да се насочи кон иднината – од добивање на добри оценки до упис на факултет – ќе биде склон кон поголема вознемиреност и страв.

Loading...

Децата подобро се согласуваат и се чувствуваат посреќни ако научат како да останат во сегашниот момент. И, кога луѓето се чувствуваат среќни, тие можат да учат побрзо, да размислуваат покреативно и полесно да ги решаваат проблемите.

Позитивните емоции ги прават луѓето поотпорни на стрес, помагајќи им побрзо да ги надминат предизвиците и неуспесите за да се вратат на планираниот пат што е можно поуспешно.

Сигурно е дека децата имаат цели на кои работат. Но, наместо да ги охрабрувате секогаш да се фокусираат на она што следува на нивната листа на обврски, помогнете им да останат фокусирани на она што го прават сега, дури и ако тоа не е ништо, затоа што исто така треба да научите да одмарате.

 

 

  1. Ние им кажуваме на нашите деца: Стресот е неизбежен – продолжете понатаму. Треба да кажеме: Научете да се опуштате!

Денес, стресот се појавува кај сѐ помлади и помлади деца – тие се грижат за оценките и чувствуваат притисок да бидат подобри на училиште.

Начинот на кој денес живеат луѓето честопати им покажува на децата со пример дека стресот е неизбежен дел од животот и основа за успех.

Loading...

На децата треба да им се научат вештини кои ќе им помогнат да бидат поотпорни на стресни настани.

Иако работните и животните побарувања не можат да се променат преку ноќ, ниту со напор на една личност, можеме да користиме техники како што се медитација, јога и длабоко дишење за подобро да се справат со притисокот и да ги научиме децата на овие техники.

 

 

  1. Ние им кажуваме на децата: Најдете нешто да работите. Треба да се каже: Забавувајте се не правејќи ништо.

Дури и во слободно време, луѓето во западните општества имаат тенденција да имаат висок интензитет позитивни емоции, како возбуда, наспроти емоции со низок интензитет, како што е смиреност (за разлика од луѓето во источноазиските земји).

Ова значи дека распоредот на нашите деца е често полн со воннаставни активности и семејни излегувања, оставајќи многу малку време за „досада“.

Нема ништо лошо во тоа да се возбудите, да се забавувате и да барате нови искуства. Но, возбудата, како стресот, ја исцрпува нашата физиологија, па можеме несвесно да ги охрабриме нашите деца да ја согоруваат својата енергија после училиште или за време на викендите, оставајќи ги со помалку ресурси кога им е најпотребно.

Loading...

Поентата не е дека никогаш не треба да ги мотивираме за разни активности или дружење, туку дека сè треба да биде умерено и на децата да им се даде можност да научат да играат самостојно, да бидат со себе и да сонуваат, да бидат среќни за себе, и не само поради надворешни влијанија.

 

 

  1. Ние им кажуваме на нашите деца: Изберете битки во кои ќе можете да победите. Треба да им кажете: Грешете и научете се на неуспех.

Родителите имаат тенденција да ги идентификуваат своите деца со нивните јаки страни и активности што им доаѓаат природно, наместо како цели луѓе. Тие велат дека нивното дете е „математичар“, „социјалит“ или „уметник“.

Сепак, истражувањето на Керол Двек од Универзитетот Стенфорд покажува дека ваквиот начин на размислување всушност ги става децата во мали рамки на личност и на долг рок ја намалува нивната желба да пробаат нешто ново, особено работи во кои не се толку талентирани.

Loading...
  1. Ние им кажуваме на нашите деца: Знајте ги своите слабости и бидете силни. Треба да им се каже: Грижете се за себе.

Луѓето имаат тенденција да мислат дека самокритиката е важна за да работите на себе. Така, родителите честопати ненамерно ги учат своите деца да бидат премногу самокритични.

Самокритиката ја зголемува веројатноста дека некое лице ќе биде вознемирено и депресивно кога ќе се соочи со предизвик.

Наместо тоа, родителите треба да ги охрабруваат децата да развиваат ставови за самосочувство – со тоа што ќе се однесуваат себеси како пријатели на кои им треба внимание и поддршка. Тоа едноставно значи дека тие учат да не се критикуваат себеси.

 

Loading...

 

  1. Ние им порачуваме на децата: Светот е сурово место, пазете се, ти си број еден. Треба да им се каже: Покажете сочувство кон другите.

Истражувањата покажуваат дека од детството па наваму, социјалните врски ни се најважни за здравјето, среќата, па дури и долговечноста, пишува Psychology Today.

Позитивните односи со други луѓе се клучни за благосостојбата, што пак влијае на интелектуалните способности и крајниот успех на една личност.

Допаѓањето е еден од најсилните предуслови за успех – без оглед на вистинските вештини.

Важно е да се охрабрат природните инстинкти на децата да се грижат за туѓите чувства и да се стават себеси во туѓа кожа.

Loading...

Вистина е дека светот е суров. Но, не мора да биде ако на децата им се учи емпатија, отвореност, храброст и да престанат да зборуваат за тоа колку е важно да се биде најдобар, најуспешен, најубав или најпаметен.

Leave a Reply