57 мигранти смртно страдаа во потрага по подобар живот

Сподели со своите пријатели

Најмалку 57 лица се удавија денеска во бродолом крај либискиот брег, што е последната во низата трагедии на Медитеранот, објави Меѓународната организација за миграција (ОИМ).

Loading...

– Најмалку 57 мигранти се удавија денес во бродолом близу Хомс – прецизира ОИМ, објави Ројтерс.

Градот Хомс се наоѓа на околу 120 километри од Триполи, на либискиот брег.

Според преживеаните, кои рибарите и крајбрежната стража ги пренеле на брегот, „најмалку дваесет жени и две деца беа меѓу давениците“, објави портпаролот на ОИМ, Сафа Мсели на Твитер.

ОИМ не споменува од каде потекнувале мигрантите, но фотографиите објавени од организацијата, на кои се гледа како хуманитарци споделуваат вода и храна со исцрпени луѓе, покажуваат дека станува збор за луѓе од субсахарска Африка, проценува Ројтерс.

Бројот на пловни објекти со кои мигрантите се упатуваат кон Италија и другите делови на Европа од Либија и Тунис се зголеми во последните месеци, со доаѓањето на подобро време.

Стотици илјади луѓе тргнаа на овој опасен пат во последните години, многумина бегаа од конфликти и сиромаштија во Африка и на Блискиот исток. Според ОИМ, бројот на мигранти загинати на море оваа година е двојно зголемен.

Скоро 900 мигранти ги загубија своите животи на Медитеранот во текот на 2021 година, потсетува британската агенција.

Loading...

Leave a Reply