57-годишен кумановец тешко повреден во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

На булеварот „Октомвриска револуција“  во Куманово вчера околу 10,55 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(39) од Куманово, и мопед „Кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ј.Т.(57) од Куманово.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply