54-годишен кумановец приведен со прашкаста материја

Сподели со своите пријатели

Педесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера претпладне откако полицијата кај него пронашла прашкаста материја.

Loading...

– На 22.10.2021 во 11.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(54) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски