53-годишна жена од Тетово со крушум во раката од свадба заврши во болница

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во 21,50 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово од Клиничкиот центар – Тетово било пријавено дека кај нив била донесена Ф.А. (53) од Тетово со нанесена повреда на левата надлактица од огнено оружје.

Имено, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, истата додека била на свадбена веселба во дворот од куќа на улицата „Полог“ во еден момент се пожалила на болки, по што од еден присутните била пренесена во Клиничкиот центар во Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply