52-годишен пешак од Куманово тешко повреден во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 20,30 часот во Куманово на улицата „Доне Божинов“ патничко моторно возило „Рено Твинго“ со кумановски регистерски таблици управувано од А.П. (57) од Куманово удрило во пешакот Ц.Т. (52) од Куманово.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Т. која по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар во Куманово била препратена на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply