5,1 степени по Рихтер ја стресе цела Македонија

Сподели со своите пријатели

Според информациите кои за ТВ Телма ги дадоа надлежните од Институтот за сеизмологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот кој се случи во 15:10 часот имал јачина од 5,1 степени според Рихтер, на длабочина од 16 километри, односно на пет километри одалеченост од главниот град на Македонија.

Истиот со голема јачина беше почувствуван во Куманово, а граѓаните на нашата фејсбук страна јавуваат дека истиот се почувствувал и во: Кратово, Крива Паланка, Прилеп, Битола, Радовиш и уште многу други градови.

Истиот бил почувствуван и во Србија, Косово и Бугарија. Граѓаните испаничено ги напуштаа домовите.

Инаку утринава земјотрес со јачина од 3,9 степени го погоди скопскиот регион, а како што велат од институтот, истот бил предвесник на попладневниот, но нема информации дали може да има нови потреси затоа што такво нешто не може да се предвиди.

Неколку објекти во Скопје се оштетени. Надлежните во изјава за ТВ Телма рекоа дека длабочината на епицентарот спречила истиот да биде разорен. Доколку бил на површина од 2 километри како првиот, тогаш ќе се почувствувал со јачина од 7 до 8 степени по Рихтер.