5000 гранати во минута: „Панцир-С1“ ја покажа суровата моќ во Србија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин и началникот на Генералштабот на Војската на Србија генерал Милан Мојсиловиќ вчера на воениот комплекс „Пасуљанске ливаде“ присуствуваа на боевото гаѓање на борбените средства „Панцир С1“ како дел од Заедничката тактичка вежба со боево гаѓање на ракетните единици на ПВО на Војската на Србија и Воздушно-космичките сили на Руската Федерација „Словенски штит 2019“, пренесува официјалниот веб-портал на Војската на Србија.

Loading...

Раководителот на вежбата „Словенски штит 2019“, командантот на 250 ракетна бригада за пртиввоздухопловни дејства на ВВ и ПВО бригадниот генерал Тиосав Јанковиќ истакна дека припадниците на таа единица и колегите од Воздушно-космичките сили на Руската Федерација заедно и успешно ја изведуваат втората етапа на оваа вежба.

„Тоа е прва таква вежба на единиците ПВО и е од исклучително значење и за нашата војска и за нашите колеги од Руската Федерација. На оваа вежба, вклучувајќи ја и првата етапа во Руската Федерација, научивме многу за новата техника, тактиката и употребата на ракетните системи, ракетните единици за ПВД ​​и за сите нас во наредниот период тие искуства ќе бидат скапоцени. Можност да го извршат своето боево гаѓање имаа нашите млади офицери и подофицери, кои се обучуваат за артилериско-ракетниот систем за ПВД „Панцир С1.“, истакна генералот Јанковиќ.

Leave a Reply