500 километри за 20 минути: Само еден автомобил во светот ќе го може ова (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Lucid Motors ветил автомобил со најбрзо полнење во светот, а првичните тестови потврдиле дека ја кажуваат вистината.

Loading...

Lucid Air веднаш постави два важни рекорди на своето деби. Покрај тоа што има најголем деклариран опсег, Air може да се пофали и со најбрзо полнење на батеријата. Inside EV тестираше и потврди дека навистина е најбрзо полнење на батеријата во автомобил.

Како доказ има снимка од целото полнење на батеријата. И тоа покажува дека ова е првиот автомобил со моќност на полнење од 300 kW и повеќе, во пракса. Сепак, тоа беше краток период, а максималната моќност на полнење беше дури 304 kW.

 

 

Батеријата е со капацитет од 118 kWh и е целосно употреблива. За целосно полнење на батеријата се искористени 134 kWh, што е загуба од 13,5% – прифатливо со оглед на огромната моќ на полнење и последователните загуби на топлина, но и потребата за ладење на батериите при полнењето. На пример, Porsche Taycan на брз полнач прави загуба од 12%.

Сето горенаведено значи дека електричните возила се на чекор за да го достигнат времето потребно за полнење гориво со бензин. Во конкретниот случај, по 5,5 минути полнење со просечна моќност од 282 kW, автомобилот доби 26 kWh или досег од околу 170 km. Како што напредува полнењето, моќноста опаѓа, па по 22 минути моќноста паѓа на 133 kW и се складира домет од 80 kWh или над 500 km. По 37 минути се постигнува 80% од капацитетот на батеријата (досег 670 km), а се после тоа е болно бидејќи полнењето е само 4 kW.

Loading...