5 знаци дека бившиот сè уште ве сака

Сподели со своите пријатели

Раскинувањата се вистински емотивен вртлог и тие никогаш не одат лесно, затоа што никој не е рамнодушен кон нив.

Loading...

Иако најголем број на раскинувања е конечни, понекогаш едната страна верува дека има простор за помирување.

Ако вашиот поранешен парнтер ги прави овие работи, голема е веројатноста дека тој сè уште не ве преболел.

Ви го честита роденденот

Штотуку по полноќ, пристигнува првата порака, токму од вашиот поранешен. Тоа не е кратка и едноставна порака, тоа е вистинска, искрена честитка што ќе ја натера и вашата најдобра пријателка да се засрами.

Ве поканува на забавите што ги организира

Ова е вистински знак дека тој сè уште сака да ви го привлече вниманието. Исходот може да биде различен. Тој може да се обиде повторно да ве освои, и може да се обиде да ве направи љубоморна на друга девојка.

Сака да ви докаже дека се променил

Loading...

Тој ќе ве контактира од време на време за да објасни дека е сосема нов, позрел човек. Тврди дека сега разбира што ви пречело кај него и како сето тоа сега е сменето.

Се распрашува за вас

Вашите меѓусебни пријатели ви спомнале дека прашува за вас, за вашиот живот и што се случува во него сега. Покрај тоа, тој ги потсетува дека тие не треба да ви откриваат дека тој прашува за вас.

Објавува статуси со скриени пораки

Љубовни цитати, патетични фотографии и емотивни песни се првите работи што ги гледате на неговиот профил. Иако можеби не сфаќа колку е очигледен, ќе ви биде јасно веднаш штом ќе видите што објавува на своите профили на социјалните мрежи на кои сè уште сте пријатели.

Leave a Reply