5 причини за утринска главоболка

Сподели со своите пријатели

Дефинитивно едно од најпознатите непријатни нешта што може да ни се случат наутро, е да се разбудиме со главоболка – токму кога очекуваме да сме одморени.

Излегува дека има долг список со причини одговорни за тоа нерасположение наутро. Кои се најчестите?

Loading...

1. Сме спиеле премногу долго

Да, имаме потреба од 7 – 8 часа спиење секоја ноќ, но ако спиеме повеќе од 9 часа, тоа може да ја предизвика утринската главоболка. Додека спиеме, може да се намалат нивоата на серотонин во мозокот, што од своја страна крие ризик од намалување на протокот на крв во него. Крајниот резултат е главоболката.

2. Премногу сме испиле алкохол

Не е никаква тајна дека конзумирањето на големи количини алкохол навечер и ноќе може да доведе до силна главоболка утро. Дури неколку пијалоци можат да предизвикаат дехидратација организмот, да го намалуваат протокот на крв во мозокот и соодветно да предизвикуваат главоболка.

3. Сме спиеле многу малку

Кога сонот ни е недоволен, во организмот се зголемуваат нивоата на хормоните на стресот, што ги зголемува и отчукувањата на срцето, крвниот притисок и доведува до главоболка. Имаме потреба од 7 – 8 часа спиење, за да функционираме нормално.

4. Депресивни сме

Loading...

Главоболката поврзана со депресијата, може да ни влијае во секое време на денот, но е можно и да “нападне” утрото. Депресијата често го спречува спиењето што може да е дополнителна причина за појава на главоболка.

5. Сме претерале со кофеинот

Кога конзумираме многу кафе и не спиеме во правилното време, можеме да се разбудиме со силна главоболка. Ако сме меѓу заколнатите љубители на кафето, поверојатно  е да бидеме погодени од овој вид нерасположение.