5 милиони прегледи: Настапот на Хевнли на ”Америка има талент 2015” (видео)

Сподели со своите пријатели

Хевнли Џој има само пет години и за себе вели дека ако победи на шоуто ”Америка има талент за 2015 година”, освоените милион долари ќе ги потроши на купување облека за сиромашните.

Loading...

Без тронка трема, малата Хевнли излезе на сцена и пред жирото изјави дека таа се занимава со игра и песна од времето кога имала само една година, што предизвика позитивни реакции кај жирито кое со нетрпение го дочека нејзиниот настап.

Хевнли на самиот почеток од изведената точка, речиси да ги остави без збор сите присутни во салата, со оглед на нејзиниот талент за пеење, игра и актерско изведување на песната ”Фроузен”.

Погледнете го настапот на малото девојче кое откако е постарно на Јутјуб на 30 јуни, достигна рекордна гледаност од речиси 5, 300 000 прегледи.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.