5 луѓе ја спасувале невестата да не се удави: Деверушата скокна без расмилување да ја спаси (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сè почесто младенците одлучуваат да си ветат вечна љубов еден на друг во најекстремни услови.

Loading...

Понекогаш се работи за слободен скок со падобран во присуство на матичар, понекогаш под вода, а оваа двојка сакала да проба и нешто ново и необично.

Единствениот проблем е што нивната идеја можеше да биде фатална.

Откако кажаа „да“ пред матичарот и гостите, решија да скокнат во водата (претпоставуваме река).

Прв скокна младоженецот, а потоа на сцена стапи невестата во венчаница, која очигледно беше прилично екстравагантна за таквиот потег.

Не размислувајќи за тоа што може да се случи, таа скокна во водата, а фустанот и се подигна и целосно и ја покри главата.

Невестата почнала да се гуши, младоженецот допливал до неа побрзо и подобро, обидувајќи се да ја ослободи од смртоносниот фустан.

Една деверуша веднаш реагирала и не се двоумела да скокне во водата, а потоа следеле уште тројца гости.

Loading...

Петмината од нив успеале да ја спасат несреќната невеста и да го тргнат фустанот поради кој не можела да дише.

Најсреќниот ден во животот на младенците можел да се претвори во трагедија, а актерите од оваа приказна среќниот крај го прославија со врескање.

Интересни беа коментарите на Редит, социјалната мрежа каде е објавено ова видео.

Многумина биле фасцинирани од деверушата, која без размислување, без разлика на фризурата, шминката и најверојатно скапиот фустан „влетала“ во водата за да ја спаси својата пријателка.

„Вака ќе изгледа мојата моминска вечер. На сите ќе им кажам дека планирам да скокам со венчаница, па кој ќе скокне по мене или уште подобро, кој ќе се обиде да ме одврати од таа идеја, ќе биде поканет на свадбата“, напиша еден корисник.

А имаше и такви кои изразија сомнеж дека избрала добар сопруг.

Како што напишаа во коментарите, делуваше незаинтересирано да ја спаси, како да не разбира колку е итна ситуацијата.

Некои, пак, истакнаа дека тој мисли дека е среќен, но исто така беше очигледно дека на невестата и требаа неколку луѓе да се ослободи од фустанот, па тој направи се што можеше во таа ситуација.

Loading...