5 грешки што луѓето ги прават кога прв пат ќе пристигнат на работа во Германија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Секој кој е од овие простори одлучува да замине во странство, се одлучува на таков чекор поради желбата за подобар живот. Меѓутоа, не се снаоѓаат сите, особено не на почетокот, па често некои се каат што заминале. Но, има и такви кои велат дека таму може да се успее, но дека за тоа е потребно време.

Еден Хрват на социјалните мрежи прикачува видео снимки во кои дава совети на луѓето во врска со живот во странство. неговите совети претежно се однесуваат на Германија каде и самиот живее со семејството.

Во најновото видео зборува за тоа што никако луѓето не би требало да го прават кога ќе пристигнат во Германија.

 

Loading...

 

1. „Било каква работа во Германија“

Често луѓето го прашуваат да им каже што би можеле да работат во Германија, односно да им наведе било каква професија која таму би можеле да ја работат.

Според неговото мислење не постои „било каква професија“. Тој потенцира дека тој често ги менувал професиите таму и дека тоа е вистински пекол.

Истакнува дека ако човекот има добра работа на Балканот дека никако не треба да замине во странство.

 

 

2. Автомобил на кредит

Никако не може да разбере зошто луѓето по само два или три месеци во Германија купуваат нов луксузена втомобил и така влегуваат во кредити и долгови.

Често многумина не знаат дали ќе ја задржат работата, но тоа не им претставува проблем да купуваат автомобили надвор од своите можности.

3. Претплати за мобилни телефони

Смета дека луѓето не треба да купуваат телефони од 1.000 евра и така да ги фрлаат парите беспотребно, туку да можат да користат било каков телефон, а се во своите граници на можностите.

 

Loading...

 

4. Годишни одмори

Тој со своето семејство долго не можел да оди на одмор. Чекале некои работи да се сложат за да нормално заминат на одмор, без дополнителни трошоци.

Истакнува дека луѓето подигале кредити за да одат на годишен одмор, дури давале и откази, па кога ќе се вратат барале нова работа.

Ги советува луѓето да не се впуштаат во тоа, затоа што тоа никако не е добро за нив.

 

 

5. „Ние горе во Германија“… „Кај нас горе во Германија“…

Овие фрази многу го нервираат и смета дека такво нешто можат да кажат само оние кои немаат врска што зборуваат.

Тој за таквите луѓе вели дека од опинци влегле во кондури, затоа што никој од овие простори кој живее таму не е подобар од другите.

https://youtu.be/nhkArK11hfE

Leave a Reply