5 дена ја миела косата без шампон, но останала изненадена од резултатите

Сподели со своите пријатели

Новиот тренд во убавината „no poo“ ги заинтересира жените ширум светот.

Во прашање е избегнување на шампонот при миењето коса.

Нновинарката на порталот miss7 одлучила да каже „не“ на шампоните и пед дена за миење на косата користела исклучиво вода. Ова е нејзиното искуство:

Имам „проклетство“ косата да морам да ја мијам секој ден ако не сакам да биде масна, па барав различни решенија тоа конечно да се промени. Така глугајќи налетав на „no poo“ бјути трендот за миење коса само со обична вода. Читав искуства на бројни девојки и жени кои го пробале тоа, а искуствата беа обично позитивни, и се надевав дека тоа е мојот спас од секојдневнотео миење коса.

Сепак, и за време не тестирањето косата ја миев секој ден што во надеж дека побрзо ќе престане да се масти, што поради потебата за која ќе пишувам нешто подоцна. За овој експеримент ми требашо смао вода од чешма и мојата коса.

ПРВ ДЕН

Пред да го започнам експериментот, очекував дека ќе останам без половина коса и дека ќе биде уште поневозможно да ја исчешлам. Јасно е дека по првото миење без шампон останав во благ шок. Четката само ми клизеше низ косата, што во последно време со помош на неколку препарати за коса не ми се случуваше. Ок, тоа беше првиот позитивен шок, а потоа следуваше вториот. кога ја исушив косата, беше сјајна и мека, но немаше никаков мирис. Она што бргу ме разбуди од сонот за совршеното шрение беше масното теме. Иако не беше страшно, беше доволно остатокот од денот да го минам со врзана коса. Си помислив утре ќе биде подобро.

ВТОР ДЕН

Како што реков, целиот прв ден го минав во уверување дека косата по второто миење ќе биде помалку масна и дека можеби нема да мора да ја врзувам, но резултатите беа поинакви, беше помасна од првиот ден. Иако и натаму убаво се чешлаше. Морам да потенцирам дека во текот на оваа тестирање не користев ама баш никакви производи за нега на косата, дури ни природните. Сакав да видам како ќе функционира само со помош на вода.

ТРЕТ ДЕН

Помислив дека третиот ден ќе биде прилично предизвикувачки за мојата коса бидејќи вечерта пертходно го минав во зачаден простор и дека мојата коса ќе има мирис на пепелник и по чешлањето, но на крајот повторно се изненадив. Иако косата пред миењето се чувствуваше на непријатен мирис на чад, потоа ја сушев и тој мирис исчезна. Косата едноставно беше без мирис. И натаму ја чешлав убаво, но беше помасна од претходните денови.

ЧЕТВРТИ ДЕН

Сега веќе станав свесна дека косата од ден на ден ми е помасна и дека без шампон нема помош. Веќе тогаш зпаочнав да мислам дека мојот експеримент нема да има позитивен заклучојк. сепак, во мене жареше надеж дека ситуацијата ќе се сврти во моја корист и дека утре ќе ја исушам косата и таа нема да биде масна. Одлучив да пробам уште еден ден.

ПЕТТИ ДЕН

Петтиот, а воедно и последне ден од оваа тестирање косата ми беше најмасна. Тоа беше сосема доволно истата вечер да ја измијам со шампон и тоа два пати, затоа што очигледно шампонот хронично ми недостасуваше. Морав да признам дека веќе стана навистина непријатно да излегувам меѓу луѓето со толку масна коса, па поради тоа го прекинав тестирањето кое требаше да потрае подолго.

На крајот заклучив дека повеќе нема да спроведувам вакви експерименти и дека цврсто ќе се држам до шампонот и другите производи за нега на коса, без оглед што за време на тестирањето полесно се чешлаше.

Leave a Reply